Кафе-дебата: ПОИМОТ ЗА ГРАЃАНСТВЕНОСТ И УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ

Дебата која се одржа на 21. 04.2016 година во кафе-Тренд  која ЕДРМ ја организраше во сорбаотка со Делегацијата на Европската унија во РМ е трета по ред од предвидените четири во Програмата по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа. Со оглед на посакуваниот амбиент, целта на овој настан е да се идентификуваат значајните прашања во дискусијата за граѓанственоста, за карактерстиките на граѓанското општество, како и за улогата на организациите од граѓанскиот сектор во приближувањето на евроинте-грациската перспектива кон граѓаните.
Станува збор за многу интересна дискусија со настојување да се поврзе официјалниот став кој се гради кон грѓанственоста и граѓанското општетво од што произлегува и неговата реална улога на што укажа Проф. д-р Ило Трајковски (УКИМ) додавајќи дека европските интеграции ги сфаќа како развоен концепт во кој не учестуваат само политичките партии, туку сите чинители во едно општство. Проф. д-р Жидас Даскаловски зборуваше за кризата на демократијата во рамките на Европската унија, односно на доминацијата на десно ориентираните политички партии кои главно имаат негативен став кон проширувањето, што е и една од причините за блокираниот евроинтеграциски процес на РМ. Проф. Ризван Сулејмани потсети дека доскорешниот висок степен на прифаќање на европската интеграција од страна на македонските граѓани (над 80%) може да се објасни дека самата ЕУ била митологизирана, дека македноските граѓани не биле добро запознаени со Унијата, механизмите на проширувањето и обврските. Изјавата на М-р Борјан Ѓузелов може да се преземе од линкот. Модератот на дебата беше проф. д-р Константин Миноски. 

Official facebook: https://www.facebook.com/tv21hd/ Web: http://tv21.tv/web/ Copyright: OnAir Media Group