Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“

Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, организира голем број на активности кои придонесуваат кон размена на искуства, идеи и промоција на европските вредности. Оваа година, соочени со ситуацијата предизвикана од пандемијата Ковид-19 и  препораките за социјална изолација, повеќето од активностите ќе ги организираме онлајн. Една од тие активности е изборот на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“.

Го покануваме вашиот Универзитет да биде дел од оваа активност и да ги мотивирате студентите да учествуваат на овој натпревар, со испраќање на сопствени фотографии со нивниот омилен културен споменик во Европа.

Фотографиите ќе бидат ставени на нашата Facebook страна European Movement EMMK (facebook.com/ЕuropeanMovementEMMK) на 3 Мај 2021 и гласањето ќе трае до 9 Мај 2021.

Најдобрите 3 фотографии ќе бидат избрани заеднички од вкупниот број на лајкови и од гласовите на тричлената комисија. Тие ќе бидат наградени со парични награди (Вкупен награден фонд: 250 Евра).

Критериуми за учество:

  • Секој студент може да прати само една фотографија
  • Фотографијата треба да биде фотографирана во некој европски град и да има културен споменик на истата
  • На фотографијата треба да биде и студентот
  • Учесникот да не учествувал во натпреварот за фотографија минатата година

Фотографиите треба да ги доставите на е-маил адресата на Европско движење: secretariat@europeanmovement.org.mk најдоцна до 2 Мај 2021 година. Во пријавата треба да бидат напишани: Име и презиме, факултет и меил за контакт.

Со почит,

Милева Ѓуровска,

Претседател на Европско движење