ПОВИК
ЗА ЕКСПЕРТ/И ЗА ИЗРАБОТКА НА ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ
ВО ОБЛАСТА НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Европското движење во Република Северна Македонија, во рамките на проектот „Национална конвенција за Европската Унија на Република Северна Македонија“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија, објавува повик за ангажирање на експерт/и за подготовка на документ за јавни политики во доменот на Кластер 1 – Фундаментални вредности.
Цел на повикот
Целта е ангажирање на експерт/и за изработка на документ за јавни политики, кој ќе придонесе за унапредување на политиките поврзани со европската интеграција. Документот ќе содржи анализа и препораки базирани на дискусиите и заклучоците од сесиите на НКЕУ-МК одржани во текот на годината.
Опис на задачата
Ангажираниот експерт/и ќе биде задолжен за:
- Преглед и анализа:
- Преглед на Кластер 1 во контекст на владеењето на правото.
- Анализа на социјалниот и институционалниот контекст.
- Детална анализа на преговарачките поглавја:
- Поглавје 23: Правосудство и основни права.
- Поглавје 24: Правда, слободи и безбедност (со фокус на интегритет).
- Поглавје 5: Јавни набавки.
- Поглавје 18: Статистика.
- Поглавје 32: Финансиска контрола.
- Национален контекст:
- Идентификација на предизвици во борбата против корупцијата, доброто владеење, спроведување на правдата и отчетноста.
- Препораки и компаративна анализа:
- Оценка на националните политики и нивната имплементација.
- Препораки базирани на заклучоците на НКЕУ-МК.
- Компаративна анализа со практиките од регионот и ЕУ.
Напомена: Документот не треба да надминува 50 страници.
Квалификации и критериуми за избор
- Докажано искуство во изработка на документи за јавни политики.
- Познавање на Европската интеграција и областите од Кластер 1.
- Способност за анализа на национални и меѓународни практики.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV).
- Мотивациско писмо.
- Референци од претходни слични проекти (доколку се достапни).
Рокови за испорака
Документот треба да биде финализиран најдоцна до 31 јануари 2025 година.
Право на аплицирање
На повикот може да се пријават индивидуални експерти, организации или групи од експерти кои ги исполнуваат критериумите.
Изборот ќе се врши врз основа на вредносната понуда и експертските квалификации, оценети од приложените документи.
Висина на хонорар
Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде(ат) ангажиран експертот/ите не може да надмине 1000 евра во денарска противвредност (61.300 денари бруто износ).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Експертот/експертите е потребно да ги достави(ат) следните документи:
- Детално резиме (биографија) на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство;
- Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 2.
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот Анекс 3.
Напомена:
Документацијата треба да биде испратена на secretariat@europeanmovement.org.mk не подоцна од 31 декември 2024 година, со предмет (subject): Пријава за експерт(и) за пишување на документ за политики или пак да биде доставена до канцеларијата на Европско движење на Ул. Коста Кирков бр.5/8.
Избраниот(ите) кандидат(и) ќе биде(ат) известен(и) по електронски пат.
Проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија – НКЕУ-МК“, го спроведува здружението Европско Движење. НКЕУ-МК е граѓанска платформа за структуриран дијалог за прашања од реформските процеси на државата и исполнување на критериумите за членство во ЕУ интегративниот процес. Во дијалогот учествуваат претставници од различни засегнати страни (претставници на институциите, граѓански здруженија, бизнис заедницата, академски кадри и други професионалци). Повеќе детали на ВЕБ страницата: nkeu.mk