Циркуларната економија и нејзините придобивки беше главна тема на четвртата обука во рамките на серијалот обуки на проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ поддржан од општина Аеродром, а финансиран од страна на ЕУ во рамките на проектот „Clean AirDrom “– Нула отпад во општина Аеродром. Ова беше и последна обука од серијалот на вкупно четири обуки наменети за наставниците и учениците од четири училишта на територија на општина Аеродром: ООУ „Димитар Македонски„; ООУ „Гоце Делчев“; ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Љубен Лапе“.
На обуката која ја водеше Даниела Тодевска од Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, беа презентирани различните видови на рециклирање, каде низ практични примени учениците се запознаваа како да се продолжи животниот век на производите.
Покрај карактеристиките на циркуларната економија, се зборуваше и за компостирањето како процес и неговите главни придобивки како во училиштата, така и во секојдневниот живот.
Учениците на интерактивен начин се вклучија во изнаоѓање начини за тоа како да се искористат повторно производите кои ги користиме и како да се продолжи нивната употреба во други цели.
Преку проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ учениците и наставниците од четирите основни училишта на територија на општина Аеродром ќе се запознаат со моделот на циркуларна економија со цел да го применат во нивните училишта како пилот-училишта за промоција на циркуларна економија.
Целата презентација можете да ја погледнете овде