Европски личности на годината

Европски личности на годината

Томислав Османли за 2022 година

писател, сценарист, драматург, есеист, критичар

Автор е на 30 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика, како и три романи преведени и во странство. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми.

Оливера Наковска - Биковска за 2021 година

Олимписки, Светски и Европски шампион во стрелаштво

Наковска - Биковска има освоено: Златен медал на светското првенство во Обединети арапски емирати (2022), Златен медал на Пара-олимписките игри во Лондон (2012), Златен медал на Европско првенство (2001), над 15 сребрени и бронзени медали на светско и европско ниво, повеќекратен државен шампион во Македонија преку други 10 медали на европски и меѓународни купови.

Илир Демири за 2020 година

Доктор, специјалист по инфективни болести

Демири беше одговорен за кординација и обуки на персоналот на одредени клинички одделенија кои беа пренаменети во Ковид центри. Тој ги претставува сите други доктори кои пожртувано се борат за секој пациент, во време на ковид - пандемијата.

Сашко Коцев за 2018 година

Театерски, филмски, телевизиски глумец и stand-up комичар

Одиграните улоги во над 50 театарски претстави, 21 филмови, 6 ТВ серии на еден уметнички начин ги пренесоа големите пораки на светските, европските, и домашните автори. Пишуваниот збор преточен во разбирливот говорен јазик изговорен од актерот Коцев ја доловува смислата на живеењето, ги прави идеите да бидат живи и блиски.

Раул Гонзалез Гутиерез за 2017 година

Тренер на РК Вардар

Раул Гонсалес Гутиерес — шпански ракометар, поранешен селектор на Машката ракометна репрезентација на Македонија и францускиот ракометен клуб Пари Сен-Жермен. Во 1996 година беше член на шпанската ракометна репрезентација која го освои бронзениот медал. Во јануари 2014 година ја презема тренерската функција во македонскиот клуб РК Вардар. Со Вардар ја освои ЕХФ Лигата на шампионите 2016–2017 како главен тренер, 2016–2017 СЕХА лигата и многу титули во домашната лига и купот.

Саит Саити за 2016 година

Активист

Саит Саити е на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на РМ од 2008 година, долгогодишен активист на Црвениот крст на Република Македонија и член од 1981 година. Од 2000 до 2008 година беше потпретседател на Црвен крст на Република Македонија и претседател на Црвен крст на град Скопје.

Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ за 2015 година

Лидери на компанија за анимација и визуелни ефекти - FX3X

Основачите на компанијата Фх3х, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, во изминативе 25 години заеднички испишаа една од најуспешните претприемачки приказни во Македонија. Филмовите на кои последно работеше ФХ3Х се: The Man who fell to Earth, Moon Knight,  Sonic the Hedgehog 2 и Dr. Strange in the Multiverse of Madness. 

Јован Балов за 2014 година

Ликовен уметник

„Амбасадор“ на културата, кој оживувајќи ги митовите и симболите, успеа да направи „културен“ мост меѓу Скопје и Берлин и да го внесе европскиот дух во Македонија, а македонските автори да ги претстави пред европската публика.

Ана Дуроловски за 2013 година

Оперска пеачка

Со својот несомнен квалитет, огромен талент, музикалност и нескриена жар за музика, Ана Дурловски е една од најистакнатите оперски певици кај нас од помладата генерација вокални солисти. Таа е првиот уметник од Македонија која пееше на сцената во престижниот „Метрополитен“ во Њујорк, а зад неа се и мноштво улоги кои ги реализира и на реномираните сцени низ Европа.

Љупчо Коцарев за 2012 година

Научник, професор

Од 1999 до 2016 година бил вработен на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД. Научниот интерес на Академик Љупчо Коцарев е широк, опфаќајќи повеќе подрачја од физика, техничките науки, и компјутерските науки: нелинеарна физика, комплексни системи и мрежи, електрични кола и системи, теорија на информации и криптографија, машинско учење, обработка на податоци и наука за податоци.

Луан Старова за 2011 година

Писател

Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

Горан Пандев за 2010 година

Фудбалер

Фудбалер и поранешен член на македонската фудбалска репрезентација. Тој исто така е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија. Пандев трипати бил избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година, во изборот на весникот „Дневник“, во 2010 година, и во изборот на весниците „Дневник“ и „Нова Македонија“ во 2020 година.

Живко Мукаетов за 2009 година

македонски стопанственик и раководител

Живко Мукаетов - македонски стопанственик и раководител, директор на фармацевтското претпријатие „Алкалоид“. Менаџерската кариера на Мукаетов започнала во септември 1999 година, кога бил поставен за раководител на проектот за маркетинг и пропаганда во „Алкалоид“, а во 2003 година бил назначен за директор на маркетинг и продажба на профитниот центар во Франција. Мукаетов бил и член на одборот на директорите на организацијата „Македонија 2025“. Во 2017 година, во рамките на одбележувањето на 95-годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија бил формиран Македонско-српски деловен совет, а за негов прв претседател бил назначен Живко Мукаетов.

Симон Трпчески за 2008 година

македонски класичен пијанист

Симон Трпчески — меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Влатко Стефановски за 2007 година

македонски музичар

Влатко Стефановски — македонски рок-, поп- и џез-музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт-диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“, додека сè уште бил член на „Леб и сол“.

Тоше Проески за 2006 година

македонски поп-пејач

Тодор „Тоше“ Проески — познат македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Борис Трајанов за 2005 година

оперски пејач

Борис Трајанов — меѓународно истакнат македонски оперски пејач. Во тресетидвегодишната кариера, настапил во повеќе од 700 претстави во над 70 оперски куќи (на околу 100 оперски сцени) низ светот, толкувајќи 42 главни баритонски улоги. Поседува исклучителна сценска појавност, која му овозможува ефектно доловување на најсуптилните ефекти во улогите. Во 2005 година ја добива титулата „Амбасадор на мирот на УНЕСКО“. Во 2012 ја добива Државната награда “11 Октомври“ за животно дело. Во 2014 го добива највисокото признание во областа на културата „Национален уметник на РМ“.

Вања Ефремовска за 2004 година

Борис Трајковски за 2003 година

Втор претседател на Република Македонија

Борис Трајковски — македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година. Во 2002 година, Трајковски ја доби Светската методистичка награда за мир од страна на Светскиот методистички совет за неговата улога во унапредувањето на мирот и политичката стабилност.

Радмила Шекеринска за 2002 година

Дипломат, политичар

Радмила Шекеринска Јанковска е македонска политичарка, поранешна министерка за одбрана на Република Македонија. Од 1996 до 1998 година Шекеринска е член на Советот на Град Скопје. Во 1998 е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.