Живко Мукаетов за 2009 година
македонски стопанственик и раководител
Живко Мукаетов – македонски стопанственик и раководител, директор на фармацевтското претпријатие „Алкалоид“. Менаџерската кариера на Мукаетов започнала во септември 1999 година, кога бил поставен за раководител на проектот за маркетинг и пропаганда во „Алкалоид“, а во 2003 година бил назначен за директор на маркетинг и продажба на профитниот центар во Франција. Мукаетов бил и член на одборот на директорите на организацијата „Македонија 2025“. Во 2017 година, во рамките на одбележувањето на 95-годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија бил формиран Македонско-српски деловен совет, а за негов прв претседател бил назначен Живко Мукаетов.



