Не напуштајќи го никогаш дипломатскиот дискурс и дипломатскиот круг, имавме чувство дека на посебен начин се вкоренува на нашето тло, отворајќи се кон граѓаните, особено кон младите. Европските вредности ги пренесуваше со посебна почит кон институциите, при тоа упатувајќи конструктивни забелешки кои граѓаните ги разбираа.
Упатуваме посебна благодарност кон Амбасадорот Гир за поддршката на Националната конвенција за Европската унија и неговото учество во дијалогот кој успеа во евроинтегративниот процес да вклучи над 300 стручни лица.
Франсоа Лафонд беше многу активен и голем поддржувач на евроинтеграциите.
Со своето присуство и активност, ги збогатуваше активностите и на Европското движење, за што сме му искрено благодарни.
Пред да стапи на функција како евроамбасадор во нашата земја, Аиво Орав претходно беше и амбасадор на Естонија во Република Северна Македонија од 2005 до 2012 година.
Со својата прагматичност, отворено укажуваше на недостатоците во општествено-политичкиот живот на наѓата држава со цел да се придвижи напред во евроинтегративниот процес.
Ерван Фуере се истакнуваше со неговата посветеност во остварување на нашата европска визија и нашето што поскоро приклучување кон Европската Унија.
Неговата заинтересираност за Северна Македонија продолжува и денес, и тој често коментира настани од знаење за евроинтегративниот пат на државата.
Хенрик Кронер остави силен печат врз трасирањето на патот и развојот на Меѓународното европско движење, како и врз функционирањето на Европското движење во нашата држава.
Тој е познат, исто така, како голем поборник на проширувањето и на Европското движење во Македонија, а неговата заслуга во промовирањето на идејата за проширувањето на Унијата е несомнена.
Во неговата долга професионална кариера, издвојуваме дека од 2002 до 2004 година бил претседател на Европскиот парламент, членувал и бил дел од повеќе меѓународни организации и тела, каде се истакнувал со својата посветеност кон европските вредности.
Посебно вреди да се истакне неговиот придонес и борба за проширувањето на Унијата, за што во 2004 година ја доби и високата награда „Карло Велики“, која се доделува на лица за истакната служба во име на европското обединување.