Рисима Рисимкин за 2024 година
Уметнички кореограф, професор, декан, пионер на современ танц
Рисима Рисимкин (родена на 25 октомври 1963 година) е една од највлијателните личности во македонскиот современ танц – реномирана балерина, кореографка и професорка. Таа е уметничка директорка на „Танц Фест Скопје“ и основач на Скопскиот танцов театар – првата официјална компанија за современ танц во Македонија. Рисимкин е декан и редовен професор на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Со богата меѓународна кариера и признанија, таа активно ја претставува Македонија на глобалната сцена и е добитничка на бројни награди за исклучителен придонес во културата.



