Важноста од диверзификација на ресурси е од големо значање на граѓанските организации (ГО), како во зајакнувањето на организацијата, така и во спроведувањето на својата мисија и визија.
Гордана Делева, проектен асистент и Јована Станковска, финансиски соработник ја посетија обуката за мобилизација на ресурси од локални извори. Заедно со други претставници од граѓанскиот сектор, се работеше на плановите за прибирање средства, начинот и профилирањето на потенцијални донатори. Првиот ден од обуката беше посветен на можностите на ГО за прибирање средства од локални извори, на кој начин, како и колкаво е значењето од дефинираната цел и предметот за нашето донирање. Вториот ден беше претставен начинот кон профилирање на посакуваните донатори и кои алатки ни се важни при самиот процес на собирање донации. Важноста од комуникацијата, особено предноста на ГО, беше дискутирана на третиот ден од обуката. Самата обука беше водена од експертка по комуникации, која ја долови суштината на стратешката комуникација.
Обуката беше во рамките на програмата за градење капацитети ” Промени за одржливост” проект на USAID “Партнерства за донирање” во реализација на Конект.












