Планинарски марш на Водно за денот на европските знамиња – 9ти Мај

На 10ти мај 2025, по повод Денот на европските знамиња, заедно со насмевки и европски дух, го искачивме Водно. Заедно со членовите на европското движење беше придружено од словенечкиот амбасадор Грегор Прескер и делегација од украинската амбасада. Денот беше исполнет со позитивна енергија, солидарност. Маршот започна пред Делегација на Европската Унија, од утринските часови и топлото сонце со знамиња во рака започна експедицијата на знамињата. За рекордни 54 минути првите  членовите на европското движење го достигнаа врвот на Водно. На врвот на планината имаше домашна и весела атмосфера.

Овој настан веќе прераснува во убава традиција што не сплотува и инспирира.

 

Корисни линкови