ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Обука за јакнење на капацитетите на граѓанското општество и младинските активисти

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) ве поканува да се пријавите на тридневната обука наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации  и младинските активисти. Обуката се организира во рамки на проектот „ROOT-WB: Reinforcing Our Opportunities Together – Western Balkans“, поддржан од програмата CERV (Citizens, Equality, Rights and Values) на Европската Унија. Тренингот ќе се реализира во партнерство со Albanian Center for Education Care and Training – ACT-Center. Учеството е бесплатно, а за сите учесници се обезбедени работни материјали, ручек и освежување.

Основни информации:

  • Датум на одржување: 1 – 3 септември 2026 година
  • Локација: Граѓански ресурсен центар, Бул. Климент Охридски бр. 21, Скопје
  • Број на учесници: 25
  • Возраст на учесници: Од 18 до 30 години
  • Јазик на обуката: Англиски

За обуката и нејзината методологија:

Обуката користи неформална, интерактивна и партиципативна методологија која ги комбинира теоретските знаења со практична примена:

  • Анализа на студии на случај за младински движења во регионот (WB6).
  • Симулации и вежби со улоги (на пр. преговори за пристапување кон ЕУ и дијалог за јавни политики).
  • Практични работилници за дизајнирање кампањи за застапување, дигитална комуникација и медиумска писменост.
  • Вежби за ко-креација и развој на локални граѓански иницијативи и препораки за политики.

Тематски целини на обуката:

  1. Демократско учество и Европската Унија: Преглед на институциите на ЕУ, процесот на проширување и интеграцијата на регионот WB6, фундаменталните права и вредности од Повелбата на ЕУ, како и механизмите за демократско учество во Европскиот Парламент.
  2. Граѓански ангажман, младинско застапување, инклузија и волонтирање: Модели на младинско застапување, врсничко учење, принципи на родова еднаквост и инклузија на маргинализирани групи, како и улогата на волонтирањето за градење отпорност на локалните заедници.
  3. Социјална кохезија, дигитална комуникација и активно граѓанство: Употреба на дигитални алатки и социјални медиуми за застапување, борба против дезинформации, како конкретни демократски решенија и иницијативи на локално ниво.

Што ќе добиете?

  • Развој на вештини: Зголемено познавање на демократските процеси, застапување за политики и граѓанското ангажирање.
  • Практично искуство: Директна работа во дизајнирање вистински граѓански иницијативи.
  • Вмрежување: Поврзување со мотивирани млади врсници и професионалци во секторот.
  • Сертификат за успешно завршена обука.

Кој може да се пријави:

Повикот е отворен за претставници на организации на граѓанското општество, младински активисти, локални заедници и млади лица на возраст од 18 до 30 години. Посебен акцент и поттик за пријавување им се дава на младите жени, претставниците на малцинските заедници и младите од руралните средини.

За проектот ROOT-WB:

ROOT-WB е регионален проект кој ги поврзува организациите на граѓанското општество, младите и локалните власти од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Франција и Северна Македонија. Проектот цели кон зајакнување на демократскиот простор, промовирање на ЕУ вредностите и овозможување активна улога на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Начин и рок за пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата најдоцна до 18 август 2026 година.

https://forms.gle/JSxFmusH4djP6Zoi8

Бројот на места е ограничен на 25 учесници. Сите избрани учесници ќе бидат известени најдоцна до 25 август 2026 година.

За сите прашања, контактирајте не на нашата меил адреса secretariat(at)europeanmovement.org.mk

Корисни линкови