Членовите на Европското движење со длабока тага и неверување ја примија веста за страшната трагедија во Кочани. Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските за прерано згаснатите животи. Празнината во заедницата е огромна, како и сознанието дека оваа трагедија можеше да биде избегната. Нека нивната светлина продолжи да живее во нашите сеќавања – никогаш нема да бидат заборавени! Да не се повтори!