Доделување на наградата Европска личност на годината на Ана Дурловски

Европското движење во Р. Македонија ја врачи наградата за Европска личност на годината- 2013. Наградата се доделува во контекстот на одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа. Поради неможност на добитничката да присуствува на Свечената академија и лично да ја прими наградата, оваа церемонија беше одложена. Наградата се додели во очи на нашиот најголем национален празник 8-ми септемви-Денот на независноста на Македонија. Доделувањето го проследија повеќи медиуми кои пред јавноста ги претставија големите професионални квалитети на Ана Дурловски, но и нејзините посебни заслуги во афирмацијата на Р. Македонија во европскиот простор.