Документ за политики: Трансфер на знаење и иновации: Систем на знаење и иновации во земјоделството (AKIS)

Во рамките на Заедничка земјоделска политика на ЕУ за периодот 2021/2027 се развива посебен систем за пренесување на знаења и иновации во земјоделството, познат како АКИС. Овој систем вклучува институции, земјоделци, медиуми, бизнис заедници, академска средина и други чинители, а крајната цел е да ги снабдат земјоделците со знаење и вештини за справување со економските и климатските предизвици во земјоделството.
Со идеја да се афирмира АКИС системот во пошироката јавност, како дел од проектот Национална конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), организиравме сесија на тема „Трансфер на знаење и иновации: Систем на знаење и иновации во земјоделството (AKIS)“ од која произлезе посебен документ за политики.
[dflip id="5711" ][/dflip]