Познатата личност во европската политика, г-дин Верхофштад, поранешен премиер на Белгија и угледен член на Европскиот парламент од 2009 година, е новиот претседател на најдолготрајната про-европска организација, која и претходи и на самата Европска унија.
Покрај г-дин Верхофштад, Меѓународното Европско Движење, исто така, го избра и својот Одбор со 3-годишен мандат, во кој учествуваат претставници од политичките партии, социјалните партнери, еколошките движење, младинските организации и граѓанските организации од цела Европа.
Новиот одбор беше избран од членовите на Меѓународното европско движење за време на неговото годишно собрание. Покрај изборот на новиот Одбор, членовите разговараа и се договорија за нивните приоритети на политиките и новиот работен план за претстојната година, во која се издвојуваат европските избори, кои се клучен момент за организацијата која е во авангардата на Европската интеграција веќе 75 години.
По неговиот избор, Гај Верхофштат изјави:
„Политиката е прашање на моментум. Потребни се организации и луѓе кои ќе го поттикнат моментумот напред. Во поголемиот дел од своето славно минато, Европското движење беше таа организација, обликувајќи ја дебатата и допирајќи до луѓето на сите нивоа низ Европа за да се реализираат работите. Како Претседател, во време кога моментумот почесто е против Европа, против самата интеграција и вредности за кои таа се залага, сакам да помогнам уште еднаш да се поттикне тој моментум.“
Петрос Фасулас, генерален секретар на Меѓународното Европско движење, се обрати пред новоизбраниот одбор:
„Покрај тоа што е предводник на европското единство, Европското движење е можеби единственото место што ги собира засегнатите страни од целото општество и политичкиот спектар, како и граѓани од цела Европа. Ова ни овозможува да обезбедиме напредно мисловно лидерство и нè поттикна да изнесуваме амбициозни и честопати смели идеи за иднината на нашата Унија. Сега, повеќе од кога било, предизвиците со кои се соочуваме бараат таква амбиција и дрскост, а Европското движење ќе биде таму, промовирајќи единство и бранејќи ги самите права кои зависат од зачувувањето на нашата демократија.
Новиот одбор ја одразува различноста, широчината и длабочината на мрежата на Меѓународното Европско движење, и го содржи следново:
Претседател: Гај ВЕРХОФШТАД ЕП (Обнови ја Европа)
Благајник: Аку ААРВА (ЕМ Финска)
Потпретседатели (Меѓународни асоцијации): Магдалена АДАМОВИЧ ЕП (ЕПП) / Валерија РОНЦИТИ (СГИ Европа) / Доменец РУИЗ ДЕВЕСА ЕП (ПЕС)
Потпретседатели (национални совети): Антонио АРГЕНЗИЈАНО (ЕМ Италија) / Тобијас Кок (ЕМ Германија) / Ноел О’КОНЕЛ (ЕМ Ирска)
Членови на одборот: Франциско АЛДЕКОА ЛУЗАРАГА (ЕМ Шпанија) / Марко ЧИЛЕНТО (ЕТУЦ) / Ванеса КОТЕРЕЛ (УНИТЕЕ) / Драгана ЏУРИКА (ЕМ Србија) / Елијас ДРЕЈ (Европски младински форум) / Моника ФРАСОНИ (Европски Зелени) CESI) / Емануел ЈАКОБ (ЕУРОМИЛ) / Патриција ХАЈДЕГЕР (Европско биро за животна средина) / Ерве МОРИЦ (ЕМ Франција) / Ричард МОРИС (ЕМ ОК) / Кристијан СКРИВЕРВИК (ЕМ Норвешка)