Одржан состанок на Извршниот одбор на ЕММК

На 18.12.2021 година се одржа состанок на членовите на Извршниот одобор на Европското движење ЕММК. Во предновогодишна атмосфера беше разговарано за актуелната состојба поврзана со евроинтегрцискиот процес на државата со доминантен фокус кон проблемите поврзани со блокадата на соседна Бугарија и други прашања од вантрешните реформски процеси. Исто така, беше направен преглед на активностите реализирани во текот на годината, како и разговор за идните активности. Покрај редовните членови на Извршниот одбор на состанокот пријатно изненадување беше присуството на Лорета Трајкоска, поранешен генерален секретар на ЕММК.

Можно е да е слика од 8 луѓе