Панел дискусија 2016

Европското движење во Република Македонија на 26.04.2016 г. организираше Панел дискусија на тема: Европската интеграција на Република Македонија: од декларативна кон реална интеграција, која се реализраше по повод одбележувањето на Денот на Европското обединување, 9 Мај.

Воведно обраќање имаше Зоран Дамјановски, Градоначалник на Општина Куманово, кој истакна дека темата е широка, за која постојат различни гледишта. Тој исто така посочи за важноста на евроинтегративниот процес на РМ.

Панелисти на дискусијата беа: Проф.д-р Димитар Мирчев, Почесен претседател на ЕДРМ, кој се осврна на актуелните состојби во ЕУ и во РМ, но и на евроинтеграциските процеси на РМ и Балканот. Потоа, Др. Малинка Ристовска Јорданова, Директор на ЕПИ, која зборуваше за улогата на меѓународната заедница, за ставовите и постапките на Европската унија, како и за можностите за одземање на препораката. Лидија Димова, Пратеник и претседател на Национален совет за евроинтеграции на РМ, се осврна на законската регулатива во однос на усогласување со европското законодавство, како и за неискористеноста на средствата од ЕУ. Модератори: Горан Митевски и Марија Вељовска Кондовска.