Почетна конференција на проектот ROOT WB: „Европа за граѓаните – вредности што нè поврзуваат“

На 12 и 13 март 2026 година, учествувавме на иницијалната конференција на проектот ROOT WB – Regional responsibility for our future, која се одржа во Хотел Мостар, Мостар, Босна и Херцеговина. Проектот се реализира во партнерство со Agencija lokalne demokratije Mostar (LDA Mostar), CEDEM – Centar za demokratiju i ljudska prava, ALDA – European Association for Local Democracy, Bezbednost.org, ALD Sisak / LDA Sisak и NALAS.

Конференцијата, организирана под мотото „Европа за граѓаните – вредности кои нè поврзуваат“, ги обедини претставниците на граѓанското општество, локалните власти и експертите од регионот со цел да се поттикне регионален дијалог за зајакнување на демократските процеси и соработката во Западен Балкан.

Настанот започна со воведна сесија и официјални обраќања, по што беше претставена визијата и целите на проектот ROOT WB, со фокус на неговото регионално значење и придонесот кон поголемо граѓанско учество во демократските процеси.

Во рамки на првиот панел „Соочување со предизвиците на регионалната соработка во Западен Балкан“, учесниците дискутираа за улогата на локалните власти и граѓанското општество во унапредување на регионалните односи. Во овој панел учествуваше и Никола Јазаџиски, секретар на Европското движење во Северна Македонија и координатор на Националната конвенција за ЕУ, кој зборуваше за улогата на граѓанското општество во обновувањето и зајакнувањето на регионалната соработка, како и секојдневните препреки со кои граѓанските организации се соочуваат.

Вториот панел беше посветен на граѓанското учество во пракса и локалното влијание, при што беа презентирани примери на локални иницијативи, демократски иновации и успешни модели на соработка помеѓу институциите, граѓаните и организациите на граѓанското општество. Големо внимание беше посветено на проблемите со локалната самоуправа во земјите од регионот.

Попладневната програма продолжи со интерактивната World Café сесија „Граѓанско учество во пракса“, во рамки на која учесниците дискутираа на три тематски маси:

  1. Hачини на кои граѓаните, младите и жените можат активно да ја обликуваат демократијата;
  2. Заштита на граѓанскиот простор и зајакнување на правата на граѓаните;
  3. Регионална соработка и примена на европските вредности во пракса, сесија модерирана од Стефан Димковски од Европското движење.

Преку интерактивната сесија организациите разменија знаења и искуства преку форма на интерактивна партиципација. На крајот од сесијата беа извлечени клучни препораки кои би помогнале за поинтегрирана и поуспешна регионална соработка.

Покрај учеството во конференциските активности, делегацијата на ЕММК го искористи престојот во Мостар и за состанок на Управниот комитет (Steering Committee) на проектот, каде партнерските организации ги разгледаа следните чекори и ги усогласија стратешките активности за имплементација на проектот во наредните две години.

Конференцијата претставуваше значајна платформа за размена на идеи и зајакнување на партнерствата, со јасна цел – граѓаните да станат активни учесници и креатори на демократските процеси во своите заедници.

Европското движење во Северна Македонија изразува благодарност до сите партнери и учесници за конструктивната соработка и посветеноста кон зајакнување на демократијата и регионалната соработка во Западен Балкан.

Корисни линкови