Европско движење во Република Северна Македонија за потребите на проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ поддржан од општина Аеродром, а финансиран од страна на ЕУ во рамките на проектот „Clean AirDrom “– Нула отпад во општина Аеродром, објавува Повик за експерт/и за одржување на серија обуки за циркуларна економија.
ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта е преку гореспоменатиот проект да се ангажира(ат) експерт(и) за одржување на серија од најмалку 1(една), а најмногу 4 (четири) онлајн обуки во траење од 90 минути (секоја од обуките) наменети за наставници и ученици од осмите одделенија во основните училишта на територија на општина Аеродром.
ОПИС НА ЗАДАЧАТА
-Подготовка на тренинг модул за циркуларна економија за секоја од обуките, како и материјали во врска со примена на моделот на циркуларна економија на македонски јазик кои ќе бидат објавени на веб страницата на Европско движење во Република Северна Македонија со цел понатамошна употреба на материјалите за пошироката јавност.
– Серијалот од четири обуки треба да се однесуваат на секоја од следните четири области:
- Циркуларна економија како концепт и нејзини главни области
- Позитивни практики за спроведување на циркуларна економија
- Менаџирање со отпад
- Пристап кон циркуларна економија во Република Северна Македонија
-Експертот и/или експертите ќе спроведе(ат) серија од најмалку 1(една), а најмногу 4(четири) онлајн обуки (на македонски јазик) на гореспоменатите теми во траење од 90 минути (секоја од обуките) преку што учениците и наставниците од четири основни училишта на територија на општина Аеродром ќе се запознаат со моделот на циркуларна економија со цел да го применат во нивните училишта како пилот-училишта за промоција на циркуларна економија. На обуките се очекува да учествуваат вкупно 40 учесници.
-Секоја од обуките ќе биде подготвена во соработка со тимот на Европско движење во Република Северна Македонија.
-Да подготви извештај за спроведената обука.
РОКОВИ ЗА ИСПОРАКА
Обуките и другите активности во опис на овој Повик ќе бидат спроведени онлајн при што се очекува обуките да бидат завршени најдоцна до 31.12.2024 година. Роковите за испорака на обуките ќе бидат договорени во соработка со тимот на Европско движење во Република Северна Македонија.
КВАЛИФИКАЦИИ
На овој повик може да се пријави индивидуален експерт или група од експерти кои ги исполнуваат критериумите.
Експерт/ите кој(и) ќе биде(ат) ангажиран(и) треба да ги исполнува(ат) следниве услови: Најмалку 3 години искуство во областа на животната средина, со посебен фокус на циркуларна економија, како и искуство од најмалку 1 година во одржување на обуки или предавања, одлични комуникациски и презентациски вештини и искуство во подготовка на обуки и материјали.
Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудена цена, при што ќе се земат предвид доставената биографија (резиме) на понудувачите и финансиските понуди. Оценувањето на пријавата се врши согласно следната табела:
Квалитет на пријавата |
Максимум поени: 60 |
Образложение и биографија | /60 |
Финансиска понуда | Максимум поени: 40 |
Финансиска понуда | /40 |
Вкупен број поени | /100 |
ЦЕНА
Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде(ат) ангажиран експертот/ите не може да ја надмине сумата од 200 евра во денарска противвредност за еден експертски ден односно реализирана обука.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Експертот/експертите е потребно да ги достави(ат) следните документи:
- Детално резиме (биографија) на македонски јазик, со преглед на релевантно искуство и план за работа;
- Финансиска понуда (Анекс 2).
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 3).
Напомена:
Документацијата треба да биде испратена на secretariat@europeanmovement.org.mk или на адреса ул.Коста Кирков бр.5/8, 1000 Скопје не подоцна од 19 декември 2024 година, со предмет (subject): Пријава за експерт(и) за одржување на обуки за циркуларна економија.
Избраниот(ите) кандидат(и) ќе биде(ат) известен(и) по електронски пат.