Европско движење во Република Северна Македонија за потребите на проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во рамката на Open Partnership Framework објавува Повик за експерт/и за одржување на тренинг за јакнење на проектниот капацитет на Европско движење во Република Северна Македонија.
ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта е преку гореспоменатиот проект да се ангажира(ат) експерт(и) за одржување на менторски тренинг за развојни проектни вештини на тимот на Европско движење во Република Северна Македонија. Се очекува на повикот да се пријават и изберат експерт(и) кои ќе го зајакнат проектниот менаџмент со усвојување на вештини за идентификација на проекти според мисијата и доменот на специјализација.
ОПИС НА ЗАДАЧАТА
-Подготовка на тренинг модул за проектен менаџмент (проектни апликации, имплементација на проект, финансиски менаџмент, административно работење и PRAG процедури за мониторинг и евалуација) и материјали со кои ќе ги снабди членовите на тимот.
-Да спроведе четири работилници (секоја од нив по 4 ефективни часови) за спроведување на моделите за тренинг (дневен интерактивен тренинг со членовите на тимот на НКЕУ-МК во поширок состав со членови на Извршен одбор).
-Да подготви инструмент за проверка на стекнатите знаења на учесниците и давање препораки за понатамошно усовршување.
-Да подготви извештај за спроведената обука.
РОКОВИ ЗА ИСПОРАКА
Работилниците и другите активности во опис на овој Повик ќе бидат спроведени во канцеларијата на Европското движење во Република Северна Македонијa, а би можеле да се реализираат во периодот од 25.09.2024 година до 15.10.2024 година (со спроведени четири работилници и една посебна работилница за евалуација).
Експерт(ите) за спроведување на обуките може(ат) да предложи(ат) и соодветно време за спроведување на работилниците прилагодено на сопствената работна агенда.
КВАЛИФИКАЦИИ
На овој повик може да се пријави индивидуален експерт или група од експерти кои ги исполнуваат критериумите.
Експерт/ите кој(и) ќе биде(ат) ангажиран(и) треба да ги исполнува(ат) следниве услови: Најмалку 5 години искуство во одржување на обуки или предавања, одлични комуникациски и презентациски вештини, искуство во подготовка на обуки и материјали.
Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудена цена, при што ќе се земат предвид доставената биографија (резиме) на понудувачите и финансиските понуди. Оценувањето на пријавата се врши согласно следната табела:
Квалитет на пријавата | Максимум поени: 60 |
Образложение и биографија | /60 |
Финансиска понуда | Максимум поени: 40 |
Финансиска понуда | /40 |
Вкупен број поени | /100 |
ЦЕНА
Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде(ат) ангажиран експертот/ите не може да надмине 1700 евра во денарска противвредност (логистичките трошоци се на товар на ЕММК).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Експертот/експертите е потребно да ги достави(ат) следните документи:
- Детално резиме (биографија) на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство и план за работа;
- Финансиска понуда (Анекс 2).
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 3).
Напомена:
Документацијата треба да биде испратена на secretariat@europeanmovement.org.mk не подоцна од 23 септември 2024 година, со предмет (subject): Пријава за експерт(и) за одржување на тренинзи за проектен менаџмент или пак да биде доставена до канцеларијата на Европско движење на Ул. Коста Кирков бр.5/8
Избраниот(ите) кандидат(и) ќе биде(ат) известен(и) по електронски пат.
Проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија – НКЕУ-МК“, го спроведува здружението Европско Движење. НКЕУ-МК е граѓанска платформа за структуриран дијалог за прашања од реформските процеси на државата и исполнување на критериумите за членство во ЕУ интегративниот процес. Во дијалогот учествуваат претставници од различни засегнати страни (претставници на институциите, граѓански здруженија, бизнис заедницата, академски кадри и други професионалци).