Во рамките на завршниот настан на проектот „Еко-училиште: Да учиме за циркуларна економија, за почиста и здрава животна средина“, поддржан од Општина Аеродром и финансиран од Европската унија во рамките на проектот „Clean AirDrom“ – Нулта отпад во Аеродром, објавуваме повик за обезбедување кетеринг услуги.
Детали за настанот
- Датум: 28 февруари 2025 година
- Време: Почеток во 11:00 часот
- Локација: Општина Аеродром
- Број на лица: 40 (ученици од осмо одделение)
Барања за кетеринг
- Прилагодено мени за основци.
- Минимална употреба на пластична и еднократна амбалажа, во согласност со принципите на циркуларната економија.
- Вклучени пијалаци (вода и природни сокови).
- Навремена достава до локацијата на настанот.
Максималната сума предвидена за оваа набавка е 15.200 денари бруто.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кетеринг компании и добавувачи може да ги достават своите понуди најдоцна до 18 Февруари 2025 година, на secretariat@europeanmovement.org.mk