Преку циркуларна економија до поквалитетен живот и чиста животна средина

Циркуларната економија како концепт за подобар и поквалитетен живот беше фокус на третата обука во рамките на серијалот обуки на проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ поддржан од општина Аеродром, а финансиран од страна на ЕУ во рамките на проектот „Clean AirDrom “– Нула отпад во општина Аеродром. Оваа обука беше дел од серијалот на вкупно четири обуки наменети за наставниците и учениците од четири училишта на територија на општина Аеродром: ООУ „Димитар Македонски„; ООУ „Гоце Делчев“; ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Љубен Лапе“.

Низ обуката наставниците и учениците стекнаа знаења од областа на циркуларната економија и имаа можност да се запознаат со придобивките од спроведување на овој концепт како на локално, регионално така и на национално ниво. Низ споделување искуства од поблиското и подалечното опкружување, наставниците и учениците од општина Аеродром се информираа за позитивните практики на циркуларната економија и нејзиниот придонес во обезбедувањето на чиста и здрава животна средина за сите граѓани.

На обуката, Христина Оџаклиеска, долгогодишен експерт од областа на животната средина го презентираше подетално концептот на циркуларна економија споредувајќи го со линеарната економија, зборувајќи за посебните карактеристики на двете економии.

Преку проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ учениците и наставниците од четирите основни училишта на територија на општина Аеродром ќе се запознаат со моделот на циркуларна економија со цел да го применат во нивните училишта како пилот-училишта за промоција на циркуларна економија.

Целата презентација можете да ја погледнете овде