Програмскиот совет на Работните групи 4 и 6

На 18 јуни 2025 година се одржа работен состанок на Програмскиот совет на Работните
групи 4 и 6 од Националната конвенција за Европската унија.

Состанокот се одликуваше со конструктивна и динамична дискусија, во која активно
учествуваа сите присутни членови. Главна точка на дневниот ред беше планирањето на
претстојните сесии на двете работни групи, вклучително и дефинирање и финализирање на
темите, идентификување на релевантни учесници од национално, регионално и европско
ниво, како и определување на можни термини за нивно одржување.

Во рамки на состанокот беше покрената иницијатива за повторно активирање на Работната
група 2: Социјална политика и вработување, со нејзино проширување и во областите на
конкурентност и образование. Учесниците ја препознаа потребата од вклучување на
граѓанскиот сектор и обезбедување стручна експертиза во овие области, со цел да се зајакне
квалитетот и релевантноста на јавните политики.

Состанокот заврши со заедничка заложба за натамошно унапредување на стратешките
пристапи и содржината на препораките, со цел нивен посилен придонес кон ефикасно
спроведување на реформите и напредокот на земјата на патот кон членство во Европската
унија.