На 18.06.2025 ЕММК во рамки на проектот Национална Конвенција за ЕУ, одржа работна
средба во Министерството за внатрешни работи со Државниот Секретар г-дин Сашо
Петрушевски.
Средбата започна со истакнување на важноста на соработката помеѓу Националната
конвенција за ЕУ и Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на
конструктивниот придонес на претставниците на МВР на неодамна одржаната 16-та
сесија на РГ-4.
Сите учесници се согласија дека досегашната соработка треба да продолжи и понатаму,
преку продлабочен и структуриран дијалог, со вклучување на оперативни структури од
МВР кои се директно инволвирани во релевантните теми.
Главна тема на средбата беше организацијата и утврдувањето на термин за следната
сесија на РГ-4. Беа предложени повеќе актуелни теми за дискусија, меѓу кои:
„Трговија со луѓе“
„Легална и илегална миграција“
На предлог на НКЕУ и проф. Ѓуровска, беше договорено темата на следната сесија да
биде: „Јакнење на институциите кои управуваат со одземени имоти“
Дополнително, се разгледа можноста за ангажирање на експерти од земји-членки на ЕУ и
од регионот, со цел споделување на искуства и практични примери за ефективно
управување со оваа проблематика.