Реакција на Меѓународното европско движење (ЕМИ) на бугарското вето: Навремен почеток на пристапните преговори е инвестиција во идните генерации на ЕУ

Меѓународното Европско Движење се надева дека сите пречки на патот кон почетокот на преговорите за влез во ЕУ со Северна Македонија  ќе бидат успешно отсранети и ги повикува трите земји-членки кои претседаваат со Советот на ЕУ да го модерираат проесот.

Земјата почна со сериозна посветеност кон Европска интеграција и оствари опипливи реформи, незанемарувачки преку договорот со Грција за спорот со името. Се заклучува дека во бројни ситуации условите за отворање преговори, како што се изразени во новата стратегија за проширување на ЕУ, се исполнети.

Времена одлука да се отворат преговорите, надминувајќи ги билатералните разлики, би значело стратешко поставување на ЕУ како главниот политички и економски партнер на Западниот Балкан. Понатаму, би претставувало инвестиција во просперитетот на самата Европска Унија, безбедност и идните генерации како и  охрабрување за посветеноста на граѓаните и властите во Северна Македонија да изградат заедничка Европска иднина како дел од Европската Унија на основа на процесот кој се заснова на заслуги.

 

Прочитајте ја оригиналната изјава тука.