Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, организиралше голем број на активности кои придонесуваат кон размена на искуства, идеи и промоција на европските вредности, меѓу кои беше и изборот на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“. Вкупниот награден фонд на овој натпревар е 250 Евра, со кои ќе бидат наградени најдобрите 3 фотографии.
Гласањето за најдобра фотографија, траеше од 3 до 9 Мај, по што следеше процес во кој жири комисијата ги даде своите оцени. Потоа нивните гласови беа преточени во поени и ги добивме следниве резултати.
Би сакале да им честитаме на Афердита Лутвиу која го освои првото место со вкупно 29 поени (15 од публиката и 14 од жири комисијата) со фотографија од парламентот во Швајцарија, Неда Јосифовска која го освои второто место со вкупно 24 поени (11 од публиката и 13 од жири комисијата) со фотографија од Карлов мост во Чешка и на Јехона Зенго, која го освои третото место со 23 поени (10 од публиката и 13 од жири комисијата) со фотографија од Арената во Верона.
Сликите со финалните резулатати од гласањето на публиката можете да ги видите тука: