Собир на универзитети 2016

По повод 9 Мај, Денот на Европа, Европско движење во Република Македонија, Делегацијата на ЕУ во РМ, Фондацијата Конрад Аденауер и Универзитетот “Св. Климент Охридски”, Битола организираа Студентска манифестација на која земаa учество студенти од поголемите универзитети во нашата држава. Овој настан се одржа на 4 мај(среда) на Универзитетот “Св. Климент Охридски”, Битола. Во рамките на оваа манифестацијата се одржаа: -Студентска дебата на која учество земаа студенти од осум универзитет на тема: “Чекајќи јаевропската интеграција:отселување од државата или борба за подобри можности на младите”. – Натпревар во ораторство на кој присуствуваа по 3 учесника од секој универзитет. Тема:“Долго време пред портата на Европската Унија: каде е клучот?”