Состанок на Националните совети и состанок за Денот на Европа

Состанокот на Националните совети и за Денот на Европа започна со официјално отварање на Генералниот секретар на Меѓународното европско движење, г-дин Петрос Фацулос. Веднаш после поздравниот говор на г-динот Петрос Фацулос, следуваше круг на претставување на сите учесници на состанокот со кратка презентација на најдобрите практики во спроведување на проектни активности, успешно добиени проекти, како и области за потенцијална соработка со другите членови. Имено, присутни беа над 20 учесници, меѓу кои генералните секретари на Европските движења на Данска, Финска, Италија, Шпанија, Германија, Белгија, Унгарија, Србија, Естонија, Бугарија. На овој состанок се разговараше и се планираа заедничките активности за следната година по повод одбележување на Денот на Европа. Во суштина, акцент се стави на учеството на граѓаните, но и медиумската покриеност во однос на одбележување на Денот на Европа.

Во овој дел, беа претставени основните заложби, како и активностите и проектите на ЕДРМ, како и манифестациите кои ги организира ЕДРМ по повод одбележувањето на 9 мај.

На крајот на состанокот се отвори дискусија во однос на претстојното Годишно собрание на ЕМИ, кое е планирано да се одржи во Хелсинки, Финска.