Претставници на „Европско движење“ вчера го посетија СУГС „Георги Димитров“ во Скопје каде одржаа предавање за Европската Унија. Преку интерактивно предавање и квиз, средношкоците од ова училиште имаа можност да се запознаат одблизу со основите на Европската Унија, како и вредностите и принципите на Унијата.
На средношколците им беа претставени институциите на ЕУ, како и придобивките за граѓаните на Република Северна Македонија со очекуваното членство во Унијата, но и огромните можности кои се достапни за младите луѓе од земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати. Средношколците покажаа посебен интерес за програмите за млади со цел запознавање на нови култури и стекнување на нови знаења што ќе им помогне во понатамошниот личен и професионален развој.