Видео од одбележувањето на 9ти мај – Денот на Европа

По повод 9-ти мај Денот на Европа во соработка со Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje и Wilfried Martens Centre for European Studies организиравме панел дискусија на тема „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската унија?“. На настанот воведно обраќање имаше претседателот Стево Пендаровски, додека гостите беа поздравени од страна на проф. Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење, Даниел Браун, официјален претставник на КАС и Катерина Јакимовска, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс. Во рамки на панел дискусијата учество земаа: Н.Е. Дејвид Гир, Амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Ами Ларсон Џеин, Амбасадорка на Шведска, Моника Зајкова, претседателка на ЛДП, Африм Гаши, претседател на Алтернатива и Тимчо Муцински, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамки на настанот традиционално беше доделена наградата за Европска личност на годината за 2022 која му припадна на Томислав Османли, македонски сценарист, драматург, писател и новинар. Исто така беше одржан ораторски натпревар  на тема „Зборувам со Европа“ каде првото место и припадна на Сара Марковска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, второ место освои Божидар Доневски од Правен факултет, Универзитет “Гоце Делчев” – Штип и трето место Кристијан Вељановски од Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Следеше и младинска дебата на тема „Зборувам со Европа за мојата европска иднина“.
На крај се одржа Квиз на знаење за ЕУ  со учество на средношколци  од повеќе средни училишта од Скопје, каде прво место освои Ивана Саревска, второ Мартин Перчинковски и трето место Димитар Георгиев, сите од СУГС Георги Димитров.
Настанот беше проследен со голем интерес од страна на повеќе претставници од дипломатскиот кор, пратеници, политичари, професори, студенти и средношколци како и медиуми.

Корисни линкови