Завршна свеченост по повод одбележување на Денот на Европа 2017

НАГРАДАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРИДОНЕС ЗА 2016 ГОДИНА ЈА ДОБИ ЦРВЕНИОТ КРСТ Претседателката на Европското движење во Република Македонија, проф. д-р Милева Ѓуровска, пред бројните гости пријатели на ЕДРМ на завршната церемонија по повод одбележувањето на Денот на Европа што се одржа на 11.5.2017 година во ресторанот Лира, му ја врачи плакетата за годишната награда за Европски придонес на годината за 2016 година на д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, како институција, која со својот успешен ангажман околу мигрантската криза придонесе за афирмација на Република Македонија во светот. „Луѓето се тие кои ги прават институциите и затоа сметаме дека оваа награда оди во вистински раце“, изјави претседателската Ѓуровска. Европски придонес на годината е пригодно признание кое Европското движење во Република Македонија го доделува традиционално на лица кои со својот професионален ангажман и посветеност придонесуваат за афирмација на високите општествени вредности, придонесувајќи реално да се почувствува хуманоста и космополитизмот. Таа не носи вредност од материјална природа, туку признание што доаѓа од страна на граѓаните на Република Македонија, оддавајќи посебен вид на легитимитет за кохезивна сила на номинираните. Досегашните добитници на ова признание, кое секоја година ја зголемува својата новододадена вресност се: Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ – FX3X (2015), Јован Балов (2014)- Ана Дурловски (2013), Љупчо Коцарев (2012), Луан Старова (2011), Живко Мукаетов (2010), Симон Трпчевски (2009), Влатко Стефановски(2008), Тоше Проески (2007), Борис Трајанов (2006), Вања Ефремова (2005), Борис Трајковски (2004-постхумно) и Радмила Шекеринска (2003).

Корисни линкови