НКЕУ-МК

Националната конвенција за Европска унија на Република Македонија (НКЕУ-МК) претставува отворен  и постојан форум за постигнување на поширок општествен консензус за прашања поврзани со пристапувањето на Република Македонија кон Европската унија.  Специфичната методологија на Националната конвенција, развивана во текот на претпристапните преговори на Република Словачка, поседува моќ да креира нов организациски капацитет за  стручен (тематски) дијлог во кој ќе учествуваат претставници на Парламентот, Владата и релевантните државни институции, граѓанските здруженија, политичките партии, претставници на академската средина, стопанствениците, синдикатите, невладините тела како и сите другите чинители во интегративниот процес во Република Македонија.

НКЕУ-МК континуирано  ги афирмира евроинтеграциските процеси во РМ информирајќи ја јавноста за процесите на пристпување, за методологијата на преговрите, обврските придобивките од членството.

НКЕУ-МК поттикнува на размена на стручни знаења за определени теми, но и стекнување на нови знаења за европските стандарди во определени подрачја на општеството. НКЕУ-МК особено ќе дејствува во правец на постигнување на повисок општествен легитимитет на евроинтеграциските процеси  за чиј успех не е доволен само ентузијазмот, туку и стручност која заеднички ќе се гради меѓу учесниците во работните групи.

НКЕУ-МК ги идентификува, ги дебатира и  дефинира главните прашања од преговрачкиот процес со што ја олеснува работата на Владата во претпристапните преговори за зачленување во Унијата.

НКЕУ-МК предлага препораки и мерки со кои се лоцираат главните точки на кои треба да се фокусираат реформите во различни сектори од преговарачките поглавја. Исто така, НКЕУ-МК ги следи реформските процеси, особено во сегментот на новите политики и стратегии давајќи сугестии и оценки.

НКЕУ-МК врши редовни консултации со граѓанските здруженија, претпријатијата, синдикати, различни комори, министерствата, Собранието на РМ и други релевантните институции за состојбите во пооделните поглавја.

Во текот на две години во НКЕУ-МК ќе бидат активни работните групи од областите: РГ1: Земјоделство и рурален развој; РГ2: Социјална политика и вработување; РГ3: Законодавство и основни права; РГ4: Правда, слободи и безбедност.

НКЕУ-МК  целосно се вклопува во Стратегиите на Владата за соработка со граѓанското општество создавајќи можности за градење на партнерства и други облици на соработка меѓу граѓанските здруженија и дргите општесвени чинители. Особено тесна соработка е воспоставена меѓу НКЕУ-МК и Собранието на Р. Македонија. Но, не е помала и соработката со Владата на РМ и другите релевантните министерства кои дадоа безрезервна подршка на Конвенцијата меѓу кои се Министерството за надворешни работи, Министрството за правда, Министрството за земјоделство и Министерството за труд и социјална политика.

Иницијативата за имплементирање на Националната конвенција за Европска унија и во Република Македонија потекна од Европското движење во Р. Македонија. За имплементацијата на НКЕУ-МК особено е заслужен  НЕ Мартин Безак, Амбасадор на Р. Словачка во Р.Македонија (2013-2017) и иницијативите на  Министрството за надворешни работи на Република Словачка и  Асоцијацијата за надворешна политика на Р. Словачка.

НКЕУ-МК е финансиски подржан од  USAID и SlovakAid

Проф. д-р Милева Ѓуровска

Координатор на НКЕУ-МК

 

Public Public Public Public