Европското движење во Република Македонија во партнерство со поголемите универзитети во Р. Македонија, со Фондацијата Конрад Аденауер, Делегацијаат на Европската комисија и Секретаријатот за европски прашања на РМ, организира студентска дебата и натпревар во ораторство на тема: Што Европската унија ќе ми донесе мене и на моето семејство. Манифестацијата ќе биде реализрана на Филозофскиот факултет во Скопје (Голем амфитеатар) на 4.05. 2012 година, од 09:15 ч. На манифестацијата освен студените ќе имаат обраќање ректорите, професорите и други претставници на акдемската средина. Поздравен збор кон студентите ќе имаат Г-дин Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во РМ и проф. д-р Теута Арифи, потпреседател на владата на РМ.







