Квиз „Знаејќи повеќе за Европа знаеме повеќе за нас“

ГИМНАЗИЈАТА „ЃОРЃИ ДИМИТРОВ“ ПОБЕДИ НА КВИЗОТ „ЗНАЕЈЌИ ПОВЕЌЕ ЗА ЕВРОПА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАС“

Екипата на гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ победи на финалната манифестација на квиз-натпреварите за скопските средни училишта под наслов „Знаејќи повеќе за Европа и Европската унија знаеме повеќе за нас“ во организација на Европското движење на Република Македонија (ЕДРМ) што се одржа се одржа на 10-ти јануари во салата на Град Скопје.

Второто место го освои екипата на гимназијата „Јосип Броз Тито“, а третото место го делеа средните училишта „Владо Тасевски“ и „Кочо Рацин“. На четврто место беше екипата на „Арсени Јовков“.

Квизот, кој ЕДРМ го организира во соработка со Градот Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“, има за цел да ги прошири знаењата на учениците од средните училишта за евроинтегративните процеси во Република Македонија, како и знаењата за Европската унија.

Преку овој проект на ЕДРМ се креира простор за дружење и се развива капацитетот за прифаќање различни култури и различни пристапи на учениците, кои покажаа особен интерес кон евроинтегративните процеси, но и голема компетитивност. Европско движење на Република Македонија

 

Корисни линкови