ПОКАНА ЗА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
ТЕМА:ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ВО РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ОПШТИНА БЕРОВО И ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
30.11.2018 година 12:00-14:00 часот
Место на одржување: Хотел Манастир – Берово
Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со општината Берово и други граѓански здруженија од Источно- планскиот регион во Република Македонија имаат чест да ве поканат на настан кој е дел од активностите на проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата„ финансиран од ИПА – 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија. Во проектот партнерски настапуваат ЕДРМ, АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес. Целта на оваа дисусија е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од Регионот, но и со остантите чинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). Очекуваме јавна и отворена дебата ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи.








