Покана за Панел дискусија во Тетово

ПОКАНА ЗА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

ТЕМА: ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НИЗ ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА: Преку рурален развој до урбана благосостојба

07.02.2019 година 12:00-14:00 часот

Место на одржување: Општина Тетово

            Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Полошкиот плански регион иопштина Тетово, како и други граѓански здруженија од овој Регион имаат чест да ве поканат на настан кој е дел од активностите на проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата„  финансиран од ИПА – 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија. Во проектот партнерски настапуваат ЕДРМ, АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес, како и ПД Љуботен (суб-грантист).Целта на оваа дискусија е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на сите чинители (локална власт, граѓански здруженија, претприемачи, академски кадри) во остварување на рамномерен регионален развој. Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања и во преземањето на нови инцијативи.

Корисни линкови