ПОКАНА ЗА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА
ТЕМА:
Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион со посебен осврт на Кавадарци
12.11.2019 година (11:00-13:00 часот)
Место на одржување: Општина Кавадарци
Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Кавадарциимаат чест да ве поканат на настан кој е дел од активностите на проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата„ финансиран од ИПА – 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија. Во проектот партнерски настапуваат ЕДРМ, АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес. Целта на оваа дисусија е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од регионот, но и со другитечинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). Очекуваме јавна и отворена дебата што ќе придонесе во поставувањето на виталните прашања и во преземање нови инцијативи.








