Покана за панел дискусија во Скопје

Почитувани,

            Дозволете да Ве поканиме да присуствувате на Панел дискусијата насловена: „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој во Република Северна Македонија“. Настанот се реализира во соработка меѓу Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДМК), Министерството за локална самоуправа и граѓанските здруженија АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес и е дел од проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата“ кој е финансиран од ИПА – 2 програмата за подршка на граѓанските здруженија.

            Целта на активностите од оваа природа е да придонесат кон афирмирањето на регионалниот развој како клучен сегмент на развојот на Државата кој води до подобрување на квалитетот на живеење, а со тоа значително придонесува кон напредувањето во евроинтеграциските процеси на Државата. Исто така, од панел дискусијата ќе бидат дефинирани заклучоци кои ќе одат во прилог на содржините на Поглавјето 22, Регионална политика и координација на структурните инструменти.

Посебна цел на оваа дискусија е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија, но и со остантите чинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи.

Искрено се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате на настанот.

Со почит,

Проф. д-р Милева Ѓуровска

Корисни линкови