Студентска дебата на тема: Искуствата од Еразмус плус размените.
Целта на оваа дебата е студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од размената во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите размени.
Дебатата ќе се одржи на 5ти мај-вторник во 12 часот, преку web платформата ZOOM.
Го покануваме вашиот Универзитет да биде дел од оваа дебата и студентите да ги споделат искуствата од нивните еразмус размени.
Критериуми за учество:
o пет студенти од секој Универзитет;
o учесниците треба да имаат искуство со Еразмус плус програмата.
Пријавите треба да доставите на е-маил адресата на Европско движење: secretariat@europeanmovement.org.mk најдоцна до 25 април 2020 година.









