Минатата недела се одржаа 3 политички комитети на Меѓународното Европско движење на кои учествуваа претставници од ЕД-МК:
1. Демократија, граѓанско учевство и фундаментални вредности – Милева Ѓуровска, Претседател
2. Социјална, одржлива, креативна и просперитетна Европа – Македонка Радуловиќ, Потпретседател
3. Европа во светот – Никола Јазаџиски, Секретар
Меѓународното европско движење има за цел овие комитети да работат на создавање предлог решенија до Европскиот парламент, Европската комисија и Советот.
Следните состаноци се закажани за крајот на Април.








