КОНКУРС: ЗА НАЈДОБРА КУСА АМАТЕРСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ТЕМА: ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Европското движење во Република Македонија кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, традиционално, од своето оформување во 1991 година, го одбележува Денот на Европското обединување, 9 Мај. Меѓу многубројните активности е Конкурсот за избор на најдобра куса училишна претстава на тема: Европската унија за сите генерации.

Право на учество на конкурсот за куса училишна драмска претстава на погоре назначената тема, имаат талентираните ученици кои членуваат во драмските секции. Постапката на пријавување е следната:

• Подготовка на едно сценарио на тематика поврзана со евроинтеграциските процеси. Пожелно е претставите да бидат со хумористичен и ведар карактер. Може да бидат сатирични, но не и деструктивно критични или навредливи. Исто така, треба да се избегнуваат дневно политичките случувања.
• Театарската престава не треба да трае подолго од 15 минути;
• Пријавување на претставата во секретаријатот на ЕДРМ;
• Најдобрата претстава ќе биде наградена со пригодна награда која ја обезбедуваат спонзорите на Европското движење во Р. Македонија. Истата ќе биде доделена на 10 мај 2012, на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на Европа.

(Детални информации за одржување на натпреварот ќе бидат дополнително објавени).

Со почит,
ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
Проф. д-р Милева Ѓуровска
Претседател

Лице за пријавување на претставите: М-р Марија Вељовска Кондовска
ve_ marija@yahoo.com
тел: 077 514 556
Скопје, март 2012

Корисни линкови