По одржувањето на десет сесии од Вториот циклус на Националната конвенција за Европската унија во РС Македонија, подржани од СловакАид во периодот од октомври 2019 до 15 Март 2021 година, започнаа подготовките за одржување на Четвртата пленарна конференција. Од септември 2020 до мај 2021 година систе активности на НКЕУ-МК се одржуваа онлајн поради мерките за безбедност од ширење на Ковид 19 пандемијата. Претходно одржаните три пленарни конфереции имаа карактер на сумирање на резултатите од работењето на одржаните сесии, а оваа пленарна конференција има претежно тематски карактер. Исто така, оваа пленарна конференција го нема вообичаениот официјален дел со обраќањата на високи претставници на институциите од РС Македонија и Р. Словачка, а причината е во многубројните настани кои се случуваа на денот на нејзионото одржување. Во воведниот дел на Конференцијата пораките на Г. Иван Корчок, Министер за надворешни работи на Р. Словачка беа пренесени од НЕ Хенрик Маркуш, Амбасадор на Р. Словачка во РС Македонија. Содржината на пораката се совпаѓа со онаа која беше и лично изразена од Министерот за време на неговата посета во Фебруари 2021 година. Исто така, беше истакното дека Г. Корчок во 2017 година како вршител на должност Министер за надворешни работи на Р. Словачка, во името на Г. Мирослав Лајчак го означи почетокот на НКЕУ-МК. Амбасадорт Маркуш истакнувајќи дека има голема чест што се обраќа во името на министерот Корчок и пренесувајќи го извинувањето за неможноста самиот тој да се обрати, го потенцираше значењето на НКЕУ-МК во процесот на усвојување на Европското законодавство. НКЕУ-МК се покажа како успешен пример за соработка меѓу претставници на државните инситуции, претставници на граѓанскиот сектор и други заинтересирани страни што оди во прилог на јакнење на делиберативната демократија. Така, поглавјата во кои дејстува НКЕУ-МК, осбено поглавјата 23 и 24 покажуваат дека се пристапува суштински кон прашањата од преговарачкиот дијалог. Во пораката на министерот Корчок беше споменато дека во големиот проект на Европската унија „Конференција за иднината на Европа“ кој започна на 9 Мај 2021 година примерот на РС Македонија може да послужи за тоа како треба да се дискутира за иднината на Европа, начин кој досега не беше познат. РС Македонија преку примерот без преседан во историјата на Европската унија во името на добрососедски односи го промени името на државата, но на тоа не следеше логичен одговор од страна на ЕУ. „Ние заедно со ЕУ ќе настојуваме да ги надминеме препреките за отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Конференцијата за иднината на Европа е одлична можност за една отворена, искрена и критичка дебата за тоа како да се обликува нашата иднина според нашите потреби, сега и за идните генерации. Тешкиот период со пандемијата од Ковид 19 беше тест за ЕУ за чие надминување е неопходно таа да биде отворена за мислењата на граѓаните. Исто така, овој пример може да послужи во пронаоѓањето на начин како треба да се одговри на актуелните предизвици: економска и здравствена криза, миграциите и нестабилноста. Би сакале да ги споделите овие пораки со македонските граѓани како и пораката за партнерството меѓу Р. Словачка и РС Македонија во „Конференцијата за иднидната на Европа“, но и во целокупниот евроинтеграциски процес се до полноправното членство во ЕУ.







