Повик за вработување на финансиски менаџер

Повик за вработување на финансиски менаџер

 

Европско движење во Република Северна Македонија (ЕММК), отвара повик за вработување финансиски менаџер со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 1 година со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот. Работникот се ангажира на проектот „Национална конвенција во Република Северна Македонија за структуриран дијалог во Кластер 1 – Основи“ за што добива соодветен надомест од ИПА – Проектниот грант.

 

Работни задачи:

  1. Извршување на тековни активности поврзани со реализација на проектот:
  2. Подготовка на документи за проектни активности (на македонски и англиски јазик);
  3. Асистенција во подготовка на проектните активности и учество во истите (асистенција и присуство во обуки на граѓански здруженија);
  4. Асистенција во подготовка на конференции (панел дискусии и други активности од јавен карактер);
  5. Подготовка на извештаи (наративни и финансиски) за настаните од ЕММК во рамките на Проектот (на македонски и англиски јазик);
  6. Подготовка на формулари и други формални процедури поврзани со активностите на Проектот (документи од регрантирање, синтези од настани, подготовка на проектни настани и испраќање на агенди за определени настани);
  7. Извршува задачи за остварување на поголема јавност на активностите на Проектот публикувајќи на социјалните медиуми (Facebook, Twitter и други електронски медиуми).
  8. Други тековни активности од работењето на Проектот, како и активности (поврзани само со проектот) посочени од Проектниот менаџер.

 

Образование и рабoтно искуство:

  • Додипломски студии во објаста на хуманистичките науки (завршени или во тек);
  • Со или без работно искуство;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;

 

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски вештини и работа во тим;
  • Способност за извршување повеќе задачи истовремено за испорака во кратки рокови;
  • Способност за координација, уредност и организираност;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на Office со посебен акцент на Excel;

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) на македонски или англиски јазик на адресата: secretariat@europeanmovement.org.mk или во канцеларијата на ЕММК на адреса: Ул. Коста Кирков бр.5/8, најдоцна до 25.01.2023г.

 

Корисни линкови