Четврта сесија на Работна Група 4 – Правда, слобода и безбедност – „НОВИ ФОРМИ НА ПРЕВЕНЦИЈА И БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ“

Клубот на пратениците во Скопје денеска беше претесен да ги прими сите заинтересирани граѓани за учество на четрвтата сесија на Работната група 4 – (Правда, слобода и безбедност – Поглавје 24) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК), посветена на трговијата со луѓе, поточно на тема: НОВИ ФОРМИ НА ПРЕВЕНЦИЈА И БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ, во организација на Европското движење во Република Македонија.
Во дебатата се вклучија претставници на релевантните институции, претставници на академската средина, граѓанскиот сектор, меѓународни здруженија и други стручни лица, меѓу кои и експертката Зузана Ватралова од Меѓународната органзација за миграции од Братислава.

Трудовата експлоатација е нова форма на трговија со луѓе што бара да се наоѓаат нови форми на превенција на оваа девијантна појава. Ова го посочи државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска, која посочи дека е неопходно да се вклучат повеќе субјекти во општеството, за таа да може да се идентификува, да се најдат законски решенија и да се заштитат жртвите.

Професорот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Климент Охридски“ од Скопје, Трпе Стојановски, ја изнесе целокупната законска легислатива која помага во справување со овој вид криминал. Карактеристика, според него, му е насилство до степен на психичко и физичко уништување, но тешко се препознава и тешко се градат механизми за да се разгради ова криминално милје.

Зузана Ватралова, пак, говореше за словачките искуства за имплементација на конвенциите на ЕУ за борба против трговијата со луѓе и ги пренесе позитивните практики од Словачка, каде годишно има по 100 жртви на трговија со луѓе, од кои половина се мажи а половина жени, главно млади луѓе кои бараат работа.

Гордана Смаќоска ја презентираше работата на Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија. заклучок од нивната работа е дека постои потреба од обука на инспекторите и на мобилните тимови. Крајната мерка е обезбедување докази за покренување кривична постапка. Потребно е да се крене јавната свест како превенција.

Љупчо Маркудов од МВР зборуваше за работата на Националната единица низ пракиката, како непосредно вклучен во превенцијата и борбата против трговијата со луѓе.
Акцентот е ставен на проактивност, која се состои од барање документи за покренување постапки отакако ќе се идентификуваат сторителите на трговија со деца.

Блерим Река ги презентираше 9-те предлог-препораки.

 

За слики од сесијата, посетете ја галеријата тука.

Public Public Public Public