По повод Денот на европското заедништво, 9 Мај, Европско движење (ЕММК) во партнерство со Делегацијата на Европска унија во РС Македонија организираше дебата на тема: Општествата во време на кризи: причини и последици, која се реализираше онлајн.
На темата говореа:
Проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија;
Проф. д-р Моме Спасовски, Медицински факултет – Скопје
Д-р Мухамед Халили, Амбасадор и потпретседател на ЕМ-МК
Проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија;
Проф. д-р Антоанела Петковска, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија;
Проф. д-р Милева Ѓуровска, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија, Претседател на ЕММК;
Модератор:
Слободанка Јовановска, Уредник во Независен Весник
Главните заклучоци кои произлегоа од дебатата се следните:
1. Актуелната криза носи предизвици за неопходни промени во општеството;
2. Јавното здравство треба да застане на здрави нозе бидејќи во иднина му е неоходно на целото општеството;
3. Општа причина за појавата на пандемијата е развојниот модел на неолибералниот капитализам кој е безмилосен кон сите видови ресурси……
Последиците ќе се калкулираат набрзо;
Општествата во време на кризи: причини и последици
Проследете ја дебатата на тема:Општествата во време на кризи: причини и последици
Gepostet von European Movement EMMK am Donnerstag, 7. Mai 2020







