Демократска иднина на Западен Балкан

Од 15 до 17 октомври 2025 година, Европското движење во Северна Македонија (ЕММК) учествуваше на работилницата Western Balkans Democratic Futures Foresight Workshop, одржана во хотелот Premium Beach во Гољем, Албанија. Настанот беше организиран од International IDEA, во соработка со BIRN Albania и Future Impacts, и ги обедини регионалните експерти, претставниците на граѓанското општество и креаторите на политики со цел да ја истражат иднината на демократијата во Западен Балкан.

Претставувајќи го ЕММК, Стефан Димковски учествуваше во дискусии насочени кон зајакнување на демократијата, еднаквоста и регионалната соработка. Неговите придонеси ја истакнаа важноста од справување со општествените и регионалните нееднаквости, промовирање на младинското учество и поттикнување на конструктивен дијалог меѓу различни чинители во регионот. Тој постави витални прашања поврзани со добата на дезинформација, растот на Евроскептицизмот и раст на десничарски движења кои прераснаа во нова реалност.

Во текот на работилницата, учесниците беа вклучени во foresight вежби, анализирајќи ги клучните мега трендови како што се дигиталната трансформација, миграцијата и општествените промени и нивното влијание врз демократскиот фактор на регионот. Сесиите резултираа со конкретни идеи за обликување позитивни демократски патишта, со фокус на граѓанското учество, транспарентноста и инклузивното владеење.

Учество на ЕММК на овој настан ја одразува континуираната посветеност на организацијата кон промовирање на демократските вредности, регионалната солидарност и долгорочната соработка. Со својот придонес во овој регионален процес на предвидување, ЕММК продолжува да ги поддржува иницијативите кои поттикнуваат инклузивно креирање политики и го зајакнуваат демократскиот развој низ Западен Балкан.

Корисни линкови