На Академијата ќе се додели признанието за Европска личност на 2012 година кое редовно се доделува на личности кои придонесуваат за афирмација на РМ во Европа и кои значително придонесуваат за промоција на хуманистички вредности, јакнењето на човековите права и слободи – како основни вредности на ЕУ, како и личности кои придонесуваат за социјалниот и економскиот развој на нашата држава.
Исто така ќе бидат доделени наградите објавените од конкурси: за најдобар средношколски есеј на тема Сите заедно кон Европската унија; за најдобра куса аматерска театарска претстава на тема: Европската унија за сите генерации; најдобар оратор на тема Што Европската унија ќе ми донесе мене и на моето семејство;
На Академијата ќе настапи најдобрата актерска средношколска драмска секција на тема: Европските реформи во здравството. Исто така, ќе се претстават млади училишни таленти од сите генерации.







