Европска личност на годината 2018

По повод 9 мај, на Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија доделува награда за европски личност на годината. Оваа награда има симболична вредност, која ги признава напорите на одредени поединци во процесите на европска интеграција, преку промовирање на европските вредности, како и нови културни вредности. Во изминатите десет години оваа награда беше доделена на музичари, политичари, спортски професионалци, писатели, академици, менаџери и други. Во суштина, оваа награда досега ја примија: Тоше Проески, Борис Трајанов, Влатко Стефановски, Луан Старова, Љупчо Кочарев, Горан Пандев, Ана Дурловски, Јован Балов. Оваа година беа доделени следните плакети:

Раул Гонзалез Гутиерез за Европскa личност на годината

РК Вардар за Особен придонес за промоција на РМ во Европа

НЕ Мартин Безак за Почесен член на ЕДРМ .