Европска личност за 2020 година – доктор Илир Демири специјалист по инфективни болести

На самиот почеток на 2020 година нашата земја, како и сите други држави во светот, се соочи со здравствена криза предизвикана од вирусот Ков – Сарс  19 чија инфективност за само еден месец предизвика состојба на пандемија. Тежината веднаш падна врз плеќите на здравствениот систем кој требеше да се реоргнизира за работа во услови за кои не беше подготвен. Не запоставувајќи ги напорите на надлежните институции и мобилизацијата на целото општество, сепак војната со заразата ја водеше медицинскиот персонал во болниците – лекарите и медицинските сестри. Во начинот на кој се води борбата за спасување на човечки животи се огледува колку едно општество функционира според мерката на луѓето. Човек што спасува еден човек е херој, а човекот што спасува многу луѓе е лекар или медицинска сестра – се истакнува во јавноста. Вистинските борци за живот не бараат да бидат херои, не им се потребни ниту признанија, ниту посебни награди. Во оваа општа рамка ја поставуваме сликата на доктор Илир Демири кој ги претставува сите други доктори кои пожртувано се борат за секој пациент, без оглед на условите, без оглед на бариерите, без оглед на времето, заморот или постоечкиот ризик. Дополнително, за Демири може да се каже дека неговиот интерес за пацентите не завршува со работното време, се грижи и се информира за нивната состојба постојано, комуницира со семјствата и блиските и се обидува да се справи со нивните стравови, како и да покаже огромна грижа за луѓето кои загубиле некој близок.

„Во непосредната борба за човечките животи заразени од Кoвид 19 не помагаше многу експертизата и големите знаења, бидејќи такви знаење во почетокот немаше. Она што им помогна на пацентите е опрделбата на лекарите да се борат со она што го поседуваа претходно како знаење и да ги комбинираат сите постоечки ресурси. За тоа е потребна одлука која ја имав уште на самиот почеток – дека ниеден од ризците што ги наметна пандемијата нема да ме спречат да бидам внатре, да бидем со тешко болните на интензивна нега – толку колку што сум потребен. Но, секако не бев сам. Без тимската работа и почитување на организацијата која ја воспоставија вработните на инфективна клиника не можеше да се направи ништо“- дополони тој.  Демири е одговорен за кординација и обуки на персоналот на одредени клинички одделенија кои беа пренаменети во Ковид центри. Секогаш достапен и подготвен за давање упатства, без оглед дали е тоа  во работно време, на полноќ, утрото после ноќните дежурства или за време на ретките моменти кога бил со семејството.

За неговата личност најмногу зборуваат пациентитеи нивните семјства кои во јавноста ги истакнуваат сите осбини поради кои тој заслужува да ја носи титулата Европска личност на годината за 2020 која се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, лица чија особина е скромност и посветност кон професијата што нив навистина ги прави големи личности.

Ова е титула која ја доделува Европското движење, односно призание кое доаѓа од страна на граѓаните, кое не носи материјална награда, туку сатисфакција да се биде во групата на досега избраниете.