Европска личност за 2021 година – Оливера Наковска Бикова – Олимписки, Светски и Европски шампион во стрелаштво

На 7 Декември 2022 година, имавме особена чест да ја доделиме наградата за Европска личност на годината на Оливера Наковска – Бикова за рекордерка во стрелаштво која ја најавиваме уште во текот на месец мај по повод одбележувањето на Денот на Европа.
Во нејзината исклучително богата спортска кариера таа има освоено: Златен медал на светското првенство во Обединети арапски емирати (2022), Златен медал на Пара-олимписките игри во Лондон (2012), Златен медал на Европско првенство (2001), над 15 сребрени и бронзени медали на светско и европско ниво, повеќекратен државен шампион во Македонија преку други 10 медали на европски и меѓународни купови. Зад скромноста и успехот постигнат со голема посветеност и пожртвуваност ја видовме големината на оваа Личност која пренесувајќи врвни човечки вредности го развеа македонското знаме низ целиот свет.
На дебата што ја водевме со неа на која присуствуваа многу млади спортисти од Битола беа пренесени повеќе пораки. Наковска-Бикова ѝм препорача на младите да бидат истрајни и посветени во спортот кој го избрале, и тогаш кога условите се оскудни. Младите спортисти, сепак, побараа малку подостоинствени инфрструктурни услови во градот Битола за да можат да тренираат. Потребно е општественото опкружување да покаже повеќе разбирање за женските спортови давајќи им подршка на младите девојки да продолжат со градење на нивните спортски кариери.
Драга Оливера Наковска- Бикова, Ви честитаме за сите успеси кои досега ги постигнавте кои ги доживуваме и како наши – национални. Ви благодариме и за днешната можност јавно да се сретнеме со Вас и да разговараме за спортот кој е исклучително значаен за перспективните на младите, но не помалку и за перспективите на општеството.

Корисни линкови